Со полуфиналните натпревари во машка конкуренција, денеска во Охрид, стартува завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.

Но. Кај дамите ќе се одигра само еден полуфинален натпревар во женска конкуренција. Иако екипата на Металург требаше да го брани трофејот освоен минатата година тоа нема да се случи.

Имено, екипата на ЖРК Металург нема да играат во полуфиналето против Куманово. Причината се неисплатените плати, поради што тимот од Автокоманда минатата недела не го одигра ниту првенствениот натпревар против Чаир.

Така екипата на Куманово директно, без борба обезбеди пласман во финалето закажано за во сабота, а кој ќе биде нивниот противник ќе дознаеме утре по одигрувањето на натпреварот меѓу Вардар и Ѓорче Петров.