Македонскиот репрезнетативен голман Столе Димитриевски е најзаслужен што неговата екипа Рајо Ваљекано остана непоразена во дуелот со Џирона.
Натпреварот од 15 коло на Ла Лига, заврши без победник 2-2, иако тимот на Рајо во два наврати имаше водство.
Димитриевски двата гола ги прими со удари од белата точка (пенали), но затоа во самиот финиш (89.минута) на брилијантен начин ја сочува својата мрежа и не му дозволи на противникот да се радува на победа.