Ништо ново кога во прашање е македонскиот спорт и злоупотребата на селекторските позиции, во полза на поединци и клубови. 

Како последен пример, за еден бројните вакви случаи, е посочен женскиот фудбал. 

Имено од ЖФК Тиверија од Струмица, без да именуваат одредено лице, посочуваат дека се „уценуваат“ млади фудбалерки од овој клуб, ако сакаат да играат на македонската репрезентација да го сменат клубот и преминат во друг.

Во соопштението објавено на нивната Фејсбук страна се вели:

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
ЖФК Тиверија Струмица ја информира фудбалската и спортска јавност дека се случува злоупотреба на службена позиција за личен (клубски) интерес од страна на поединци ангажирани во женските младински репрезентации.
Во годините во кои Фудбалската Федерација на Македонија силно го помага женскиот клубски и репрезентативен фудбал, донира опрема, реквизити, помага финансиски и прави се женските фудбалски клубови да се издигнат на едно повисоко ниво, некои поединци го рушат тоа и бесрамно ја злоупотребуваат својата позиција за личен интерес.
Имено, се врбуваат малолетни девојчиња, членови на младинските селекции од ЖФК Тиверија дека доколку сакаат да продожат да играат во младинските репрезентации ќе мора да одат во нивниот клуб.
Апелираме таквата злоупотреба од поединци да престане, а доколку истото продолжи и нема никаква реакција од нашата матична федерација ФФМ ќе мора да преземеме други чекори.

Вакви случаи има во сите македонски спортови, голем дел од нив се и ЈАВНА ТАЈНА, но жално е што ниту една федерација досега не излегла со став или уште подобро санкции кон лицата кои ги злоупотребуваат функциите на кои се поставени од федерациите.

ДО КОГА ВАКА!?