Ракометарите на Еурофарм Пелистер го играат натпреварот на сезоната пред своите навивачи против шампионот Вардар во борбата за освојување на шампионската титула. Ова е шанса за битолчани по 2005 година да го освојат шампионскиот пехар. Двете екипи на три кола до крајот имаат ист број бодови 33.
На првиот натпревар сезонава во Скопје, покрај прекинот и инцидентот на навивачите на двата тима остана запишано дека Вардар победи со 31:24, но поразот во Автокоманда од Алкалоид во 7.то коло (22:21) значеше дека „црвено-црните“ ја загубија предноста и сега мора во Битола да останат непоразени.
Нерешен резултат во дербито ќе значи дека Вардар е поблиску до титулата, се разбира доколку нема изненадување во последните две кола.
Е.Пелистер ќе ја има и поддршката од трибините особено што влезниците беа продадени за 17 минути.
Натпреварот од 12.коло од Супер лигата плеј-оф почнува во 19 часот.
Покрај овој дуел денеска на програмата е и дуелот Бутел – Алкалоид (почеток 18 часот), додека утре се играат дуелите: Е.Пелистер 2 – Тиквеш (почеток 18 часoт) и Охрид – Пролет 62 (почеток (18:30 часот).
Табела: Вардар 33 бодови, Е.Пелистер 33, Алкалоид 27, Тиквеш 14, Охрид 12, Бутел 10, Е.Пелистер 2 7, Пролет 6.