Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, останува без тренерот Драган Николиќ – Гаге на наредните 10 натпревари.
Ова е одликата што ја донесе Дисциплинската комисија на КФМ, а по инцидентот што Србинот го предизвика на првиот четвртфинален дуел од плеј-офот против Кожув, кога влезе во терен и собори противнички играч
Покрај суспензијата од 10 натпревари има и парична казна во висина од „само“ 48.000 денари.
Ова практично значи дека МЗТ Скопје до крајот на сезоната, во која може да одигра максимум уште 10 натпревари, ќе биде без Николиќ на клупата, па аеродромци титулата ќе ја бранат, најверојатно со неговиот помошник Васко Атанасов, кој во неколку наврати го водеше тимот.