Престижниот француски весник „Лекип“ го избра фудбалскиот тим на годината, во кој меѓу идеалните 11-мината, само Лионел Меси е претставник на Аргентина, новиот светски шампиони. Очекувано, за францускиот весник, токму Франција има најмногу претставници – дури тројца, Белгија и Хрватска по двајца, а во „идеалниот тим“ се и по еден Англичанец, Холанѓанец и Бразилец.
Најдобар голман на светот е Белгиецот Тибо Куртоа, освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид и шампион на Шпанија. Во одбраната се: Кајл Вокер (Манчестер Сити, Англија), Вирџил ван Дијк (Ливерпул, Холандија), Јошко Гвардиол (Лајпциг, Хрватска) и Тео Ернандез (Милан, Франција).
Местата на средината на теренот ги зазедоа: Касемиро (Реал Мадрид/Манчестер Јунајтед, Бразил), Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Лионел Меси (ПСЖ, Аргентина) и Кевин де Брујн (Манчестер Сити, Белгија).
Во нападот се Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција), како и освојувачот на „Златната топка“ Карим Бензема (Реал Мадрид, Франција), кој не настапи на Светското првенство во Катар.