Екипата на Мајами „Хит“ со брејк ја отвори полуфиналната серија против Њујорк „Никс“ со резултат 108-101, за полетно водство од 1:0 во победи.
Многу важна победа за Мајами ако се знае дека нивниот најдобар играч Џими Батлер се повреди на средина од последната четвртина, но храбро го доигра натпреварот до крај.
Во првата четвртина Њујорк доминираше стигна до највисока предност до +11 поени со резултат 32-21. Мајами се врати во игра во втората четвртина и на полувреме заминаа со -5 (55-50).
Во второто полувреме, тотална доминација на „жешките” кои дојдоа и до предност од +8 во неколку наврати. Последната четвртина беше прилично израмнета Њујорк фатија некои мали налети, но се беше залудно. Батлер се повреди во средината на последната четвртина, но јуначки играше до последната минута.
Најдобар поединец кај „Хитси“ беше токму Батлер даб-дабл со 25 поени и 11 скока, а помош му беа Кајл Лаури и Гејб Винсент со 18, односно 20 поени. Кај поразените од Њујорк најефикасни беа Брансон и Ар Џеј Берет со 25 и 26 поени.
И вториот натпревар ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Андреј Велјаноски