Скандалозно однесување на Драган Николиќ, тренерот на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром на натпреварот од четвртфиналето против Кожув.
По нецели пет минути игра во втората четвртина, популарниот Гаге, влезе во теренот и го удри противничкиот играч Мајрон Гордон.
Само присебноста на Американецот, но и на клупата на гостите од Гевгелија, не доведе до поголем инцидент, а Николиќ заедно со домашниот центар Абу, беа исклучени од игра.
Натпреварот продолжи, а на полувремето МЗТ губеше со 10 разлика.