Во рамките од шестото коло од женската ракометна Супер лига од плеј-офот, ќе се играат два интересни натпревари.
Дерби натпреварот е меѓу актуелниот шампионот и лидер на табелата Ѓорче Петров гостува кај екипата на Вардар. Натпреварот ке се игра во спортската сала ,,Круме Кепески” со почеток од 20 часот. Ќе суди судиската двојка Лејла Јашар и Михаела Капсарева .
На претходниот меѓусебен натпревар Ѓорчепетровки славеа победа со три голови разлика 29:26 над вардарки, па оттаму и денеска можеме да очекуваме интересен дуел на овие два тима.
И првиот денешен натпревар може да го најавиме како дерби, бидејќи во него ќе играат трето и четврто пласираните екипи на табелата Куманово и Металург. Натпреварот што ќе се игра во салата „СОУ Перо Наков” со почеток од 14 часот, а во него домаќинките ќе влезат со три бодови повеќе во однос на Металург кого на претходниот меѓусебен натпревар го победија со 26:22.
Вчера, во првиот натпревар од ова коло, екипата на Чаир славеше победа на Овче Поле.
СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ 6 КОЛО
САБОТА
14:00 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ
20:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
НЕДЕЛА
20:00 ПЕЛИСТЕР 2012 – СТРУЖАНКА
ПЕТОК
ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ 38-30
ТАБЕЛА:
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 31 бод
2. ЧАИР 27
3. КУМАНОВО 22
4. МЕТАЛУРГ 19
5. ВАРДАР 19
6. ПЕЛИСТЕР 7
7. СТРУЖАНКА 4
8. ОВЧЕ ПОЛЕ 3
Ивона Кимовска