Чуварот на мрежата на голот на ФК Вардар, Филип Гачевски е еден од ретките “мохиканци” кои останаа со клубот и во најтешките мигови во клупската историја. Иако се чини дека според квалитетите Гачевски заслужува далеку посилен клуб од второлигашки Вардар, сепак Вардар и Гачевски имаат посебна врска, па голманот со сите свои голмански и човечки квалитети се обидува да му помогне на клубот да се врати таму каде што припаѓа.
На натпреварот против Караорман, Гачевски успеа по 100-ти пат да ја сочува својата мрежа недопрена, нешто со што ретко кои голмани може да се пофалат.
Гачевски во Вардар за прв пат дојде во 2015 и остана до 2020, а со клубот ги живееше најславните денови на Вардар, кога Македонскиот гигант играше и во групаната фаза на Лигата на Европа.
По кратката епизода во Кипар, повторно се врати во Вардар.
Инаку Гачевски е рекордер и со најмногу минути без примен гол, како и најмногу натпревари во една сезона во која супеа да ја сочува својата мрежа во Македонското првенство