Ретко виден гол на фудбалските терени во Македонија

Екипите на Каменица Саса и Љуботен ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Ова е епилогот по денеска одиграните полуфинални натпревари.

Во Македонска Каменица силите ги одмерија екипите на Каменица Саса и Деспина, додека другиот натпревар беше градското тетовско дерби меѓу Шкендија и Љуботен.

Каменица Саса издвојува минимална победа од 2:1 на домашен терен. Гостинската екипа од Прилеп го искористи лошото време за да одигра цврст и дефанзивен натпревар. Девојките од Каменица со својата игра делуваа дека повеќе ја сакат победата и успеа да ја остварат.

За разлика од натпреварот во Македонска Каменица, оној во Тетово беше решен многу брзо во корист на фаворитот Љуботен. Екипата на Шкендија беше декласирана со високи 13:1 и беше далеку од сериозен противник за Љуботен.

На овој натпревар на кој екипата на Љуботен за прв пат се пласира во финалето, малубројните љубители на фудбалот како имаа  можност да видат дури 14 голови сепак за одбележување е овој на видеото. 

Филип Василевски