Тимот на Лос Анџелес Лејкерс го дели уште една победа од пласман во полуфиналето на Западната конференција. Ова откако „Езерџиите“ утринава по голема драма и дополнителни пет минути го добија четвртиот натпревар проти Мемфис во четвртфиналната рунда со 117-111 и поведоа со 3-1 во победи.
Натпреварот во кој двата тима имаа свои периоди на добра игра го реши Леброн Џејмс. Популарниот „Кинг“ Џејмс на 8.десетинки пред крајот го постигна кошот за израмнување и го одведе натпреварот во продолжение.
Во дополнителните пет минути повеќе нерви, но и среќа имаа домаќините и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Џејмс средбата ја заври со дабл-дабл ефект со 22 поени, 20 скока на кои додаде 7 асистенции, додека Остин Ривс постигна поен повеќе (23).
Во поразената екипа, но воедно и на натпреварот, нај ефикасен беше Дезмонд Бејн со 36 поени, а Џа Морант постигна 19 поени.
Следниот натпревар се игра во Мемфис.