Со четирите средби одиграни попладнево комплетирано е 28.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тиквеш и Шкупи ги поделија бодовите во Кавадарци. Натпреварот заврши со нај непосакуваниот резултат за публиката 0:0. Тиквеш се уште е без победа во втората полусезона, додека Шкупи полека го губи чекорот со водечките Струга Трим Лум и Шкендија.
На доста тврд натпревар во битката за опстанок Скопје и Академија Пандев ги поделија бодовите. Крстевски уште во втората минута донесе водство за гостинската екипа, а во 59тата минута Омерагиќ ги постави конечните 1:1.
Во Прилеп повторно домаќинот остана со празни раце. Екипата на Работнички одигра доста одличен натпревар и минимално славеше. Единствениот гол го постигна Кире Маркоски во 31.минута и ги постави конечните 1:0 за Работнички.
Силекс во Кратово успеа да слави со 1:0 против екипата на Македонија Ѓорче Петров. Единствениот гол беше постигнат уште во 3тата минута, а беше дело на Манасиевски. Со овие 3 бода Силекс е поблиску до посакуваното место што носи излез во Европа.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
ДЕНЕСКА
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 1-0
ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
Слободна СТРУГА ТЛ
Филип Василевски