Барселона рутински победи во дербито против Атлетико Мадрид, а во рамките од 30-коло на Ла Лига.

Како на многу натпревари на Барселона сезонава така и овој заврши со резултат од 1-0. Голот за победа го даде Феран Торес во 44-та минута.

По 30 одиграни кола Барселона е прва со 76 поени, дури 11 пред второ пласираниот Реал Мадрид, додека Атлетико се на 3-та позиција со 60 бода.

Овој триумф дојде кога беше најпотребен, за да се врати самодовербата на екипата на Чави која ита кон титулата.

Андреј Велјаноски