Прволигашките возбудувања продолжуваат попладнево со четирите натпревари од 28-то коло.

Откако вчера во воведниот меч од оваа рунда Шкендија славеше на гостувањето во Штип, и се доближи на само три бода од водечката Струга Трим Лим која во ова коло е слободна, денеска Шкупи е на потег. Чаирчани на гостувањето во Кавадарци кај „незгодниот’“ Тиквеш  ќе се обидат да стигнат до трите бодови и да го задржат чекорот со водечкиот тандем.

Интересно се очекува да биде и во Кратово каде на четврто рангираниот Силекс ќе му гостува Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ и покрај проблемите со повредени и болни играчи сепак веруваат дека може да стигнат до трите бодови.

„Одиме ослабени на ова гостување во Кратово, имаме достојни замени и одиме по позитивен резултат и да се вратиме во Ѓорче со 3 бода од овој натпревар“, вели Бојан Илиевски.

Во тимот на Ѓорчепетровци ќе ги нема, Андреј Јаго и Стефан Лазаревиќ кои се повредени, како и Кристијан Стојкоски кој има грип.

ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
НЕДЕЛА (16 часот)
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
ТИКВЕШ – ШКУПИ
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
САБОТА
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
Слободна СТРУГА ТЛ

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 53 бодови
2 ШКЕНДИЈА 50
3 ШКУПИ 45
4 СИЛЕКС 40
5 БРЕГАЛНИЦА 37
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 33
7 ТИКВЕШ 30
8 РАБОТНИЧКИ 28
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 22
10 СКОПЈЕ 18
11 ПОБЕДА 13