Екипата на Баскет Кам ја дели само уште една победа од пласман во финалето на женското кошаркарско првенство.
Ова откако попладнево во вториопт полуфинален натпревар одигран во Македонска Каменициа, составот на Баскет Кам беше подобар од МЗТ Скопје Аеродром со 88-62 и поведе со 2:0 во победи во серијата подобар до три.
Гостинките добро го отврија напрварот и имаа предност од 7-6, но што следуваше доминација на домаќинките и нивната серија од 15-0, за водтсво од 21-7, а на првата мала пауза Баскет Кам замина со +9 (23-14).
Во вториот дел, аеродромки заиграа далеку подобро, ја добија четвртината со 20-13, па на полувреме заминаа само со два поени негатива (36-34).
Тоа како да ги налути домаќинките па со тотална доминација во вториот дел на крајот славеа и убедлива победа со 88–62. Следниот натпревар треба да се игра во Скопје, најверојатно во среда.
Утре, од 18 часот, во салата „Независна Македонија“ во Кисела вода својот втор полуфинален дуел ќе го одиграат Бадел и Струга во кој актуелните шампионки баделки ќе влезат со предност од 1:0 во победи.