Екипата на ТФТ Моцарт ќе ја има третата „стартна“ позиција во разигрувањето, односно плеј-офот на кошаркарскиот шампионат.

Ова откако попладнево во СЦ кале во Скопје, екипата на ТФТ славеше убедлива победа над Куманово со 107-70 и со 15 победи и 7 порази, лигашкиот дел ќе го заврши зад МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер кои попладнево го играат дербито на колото.

Што се однесува до натпреварот тој беше решен уште во првото полувреме кое тимот од скопската населба Тафталиџе го доби со 31 разлика (57-26).

ТФТ Моцарт сега ќе ги чека исходите од останатите натпревари за да го дознае својот противник во четвртфиналната рунда.

САБОТА
ТФТ МОЦАРТ – КУМАНОВО 107-70
АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ во тек
18.30 МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР (пренос МРТ3)
18.30 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
19.00 ГОСТИВАР – ФЕНИКС
НЕДЕЛА
17.00 СТРУМИЦА – ЧАИР