Ракометарите на Вардар го искористија домашниот терен и го добија дуелот од 11.коло од Супер лигата плеј оф против Еурофарм Пелистер 2 со 25:22 (13:12). Вардарци во поголемиот дел од дуелот имаа водство, но постојан притисок од „младите битолчани“. Кон средината на првиот дел гостите го имаа и единстевното водство од 7:6, но „црвено-црните“ брзо го вратија водството и на полувреме беше 13:12.

Во вториот дел Вардар повторно заигра подобро и кон средина на второто полувреме имаше водство и од 20:15. До крајот на натпреварот гостите од Битола успеаја само да го намалат водството. Вардар по првиот дуел од 11.коло и натаму е лидер на табелата со 33 бодови.

Вечерва се играат уште два дуела од оваа рунда: Пролет – Еурофарм Пелистер и Алкалоид – Охрид. Последниот дуел од ова коло меѓу Тиквеш и Бутел се игра во недела.

Табела: Вардар 33 (11 натпревари), Е.Пелистер 30 (10), Алкалоид 24 (10), Охрид 12 (10), Тиквеш 11 (10), Бутел 10 (10), Е.Пелистер 2 7 (11), Пролет 6 (10).