Првиот од двата денешни дерби дуели од 15 коло во ПМФЛ се одигра во Кратово. Таму фудбалерите на Силекс го совладаа лидерот на табелата Струга Трим Лум со 1-0.
Од почетокот домашните фудбалери на Силекс тргнаа офанзивно кон голот на стружани. Создадоа неколку шанси кратовци во воведните дваесетина минути, но гостинскиот голман Василев беше на висината на задачата. Повремено стружани минуваа на половината на домаќините и од далечина се обидуваа да го загрозат голот на Џеков.
По девет минути игра во вториот дел, домаќините успеаја да ја затресат мрежата на стружани. По брзата контра од левата страна Илија Донов го совлада Василев. По долго проверување на ВАР снимката, а сомнеж за офсајд, сепак голот беше признат па Силекс поведе со 1-0.
Иако во продолжението двата тима создадоа по неколку шанси за погодок, резултатот остана не променет.
Силекс по оваа победа се искачи на петтото место на табелата со 21 бод. Струга Трим Лим останува лидер со 32 бода и го чека исходот од второто денешно дерби во Кавадарци. Таму по првиот дел Тиквеш (27) и тетовска Шкендија (28 бодови) играат без голови (0-0).
Зад овие две екипи 27 бодови е Вардар кој попладнево го совлада Арсими со 0-1.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































