Лука Дончиќ и Лејкерс прокоцкаа огромна предност во завршницата на групната фаза од НБА Купот. Лос Анџелес Лејкерс загубија на гостувањето во Сан Антонио со 99:96, додека Денвер Нагетс славеа кај Јута Џез со 107:120.

Во „Фрост Бенк Центар“ во Сан Антонио, Дончиќ и Лејкерс доживеаја голем пресврт во второто полувреме. Гостите отворија моќно, го задржаа ритамот во втората четвртина (24:27) и на полувреме заминаа со 38:54. Во втората делница тимот од Лос Анџелес стигна и до највисоки 19 поени предност при 28:47. Сепак, на девет минути до крајот на третиот период, Спарс направија клучна серија од 23:7. Третата четвртина заврши 30:14. Во последниот период (31:28)

Кај победниците блеснаа Касл со 26 поени и девет асистенции, како и Вембањама со 25 поени и 16 скокови. На спротивната страна не помогнаа 31 поен, осум асистенции и шест скокови на Дончиќ, ниту 21 поен на Ривс. Центарот Вокер Кеслер додаде дабл-дабл учинок од 10 поени и 13 скокови во поразот на гостите.

За разлика од ривалот, Денвер Нагетс имаше одличен финиш во „Делта Центар“ во Солт Лејк Сити и ја совлада Јута. Гостите отворија со серија 7:0 и поведоа 10:24, па првата четвртина ја завршија со предност од 22:27. Јута возврати во вториот период (31:25) и на полувреме замина со минимално водство од 53:52. По изедначената трета четвртина (32:33) резултатот беше 85:85, а домаќините поведоа со 102:97 на шест минути до крајот. Тогаш следеше фуриозната серија на Денвер од 23:5 до крајот на мечот за убедлива завршна четвртина (22:35). Најзаслужен за победата беше Џамал Мареј со 36 поени и пет скокови, вклучувајќи седум врзани поени во завршницата. Одлично го следеше Кристијан Браун со 20 поени и осум скокови, додека на Никола Јокиќ му недостигаше скок за трипл-дабл. Српскиот центар заврши со 17 поени, 15 асистенции и девет скокови, а Камерон Џонсон додаде 14 поени. Кај поразената Јута најефикасни беа Кионте Џорџ со 25 поени и Дарин Питерсон со 20 поени.

По оваа вечер, Дончиќ и Лејкерс се втори на Западот со 15-4, зад лидерот Сан Антонио (16-4), кој оди во четвртфиналето на Купот. Денвер е седми со 11-6 и остана без нокаут-фаза, додека Јута е 14. со учинок 3-17. Во следниот натпревар Лејкерс гостуваат во дербито кај третопласираниот Мемфис (15-5), а Денвер патува кај Торонто.

Резултати

ЊУЈОРК – МАЈАМИ 105:108
ДЕТРОИТ – МИЛВОКИ 113:98
ИНДИЈАНА – ФИЛАДЕЛФИЈА 87:111
ТОРОНТО – БРУКЛИН 124:100
БОСТОН – АТЛАНТА 86:87
МИНЕСОТА – МЕМФИС 109:114
ФЕНИКС – ДАЛАС 109:113
ЛА КЛИПЕРС – ЊУ ОРЛЕАНС 104:105
ПОРТЛАНД – ГОЛДЕН СТЕЈТ 116:94