Возбудувањата во ПМФЛ 15. коло продолжуваат денеска со преостанатите три натпревари од оваа првенствена рунда. Дерби дуели ќе се играат во Кратово и Кавадарци, а Вардар ќе гостува кај Арсеими.

Во Кратово шестопласираниот Силекс го пречекува лидерот на табелата Струга Трим Лум.

Стружани се први со 32 бодови и имаат пет победи во низа во првенството, односно шест официјални триумфи со Купот. Кратовци се шести со 18 бодови и не знаат за лигашка победа на последните три кола, со две ремија и еден пораз. Сепак, ремито кај Шкендија (1-1) во минатото коло најавува цврст отпор, откако Струга во септември славеше минимално со 1-0.

Директното дерби за второто место се игра во Кавадарци, каде третопласираниот Тиквеш ја пречекува тетовска Шкендија со само еден бод заостанување.

Кавадарчани имаат 27 бодови, без пораз се пет лигашки кола и доаѓаат по убедливата победа кај Вардар од 0-3. Покрај одличната серија од три победи и две ремија, Тиквеш веќе ја совлада Шкендија во Тетово со 1-3 во септември. Второпласираната Шкендија има 28 бодови. Тетовци две кола е без триумф по поразот кај Струга (1-0) и ремито со Силекс (1-1).

Актуелниот шампион Вардар му гостува на Арсими со јасна цел да ја прекине променливата серија и да остане близу врвот.

Црвено-црните се четврти со 24 бодови, а на последните три првенствени меча запишаа два пораза, од Струга (0-1) и Тиквеш (0-3). Арсими по вчерашната победа на Скопје падна на дното со 10 бодови поради послаба гол-разлика, по четири првенствени порази по ред. Сепак, домаќинот пред три дена славеше во Купот кај АП Брера (1-3), додека Вардар го доби септемврискиот дуел со 2-0.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање