о два натпревари што ќе се играат денеска во Скопје и Куманово стартува 15. коло во ПМФЛ. Останатите три средби, меѓу кои и дерби дуелите во Кратово и Кавадарци, на програмата се утре.

Денешните две средби се натпревари на екипите кои се во долниот дел од табелата. Секој освоен бод на овие пресметки носи голема тежина во битката за опстанок.

Програмата започнува на пладне во 12:00 часот во Скопје, каде Шкендија Арачиново ја пречекува Брегалница.

Домаќините се шести со 18 бодови, но влегуваат по минималниот домашен пораз од Башкими со 0:1. Тимот од Арачиново има само една победа на последните пет меча во Првата македонска фудбалска лига. Брегалница е седма со 14 бодови и се наоѓа во серија од три кола без победа. Штипјани загубија од Струга со 1:2 во минатото коло, а во првиот дуел загубија од Арачиново со 0:1.

Еден час подоцна, во 13:00 часот, во Куманово силите ќе ги одмерат Башкими и ФК Скопје.

Кумановци се осми со 14 бодови и играат во одличен ритам без пораз на последните три средби. Во тој период Башкими запиша две победи и едно реми, вклучувајќи го триумфот кај Шкендија Арачиново. Скопје е последен со седум бодови, но во минатото коло конечно ја оствари првата победа. Скопјани го совладаа Арсими со 2:1 за прв триумф сезонава, а првиот меч против Башкими го загубија со 1:2.

Утрешната саботна програма носи две големи дерби пресметки за врвот на табелата.

Во Кратово од 12:00 часот, петтопласираниот Силекс со 18 бодови ќе го пречека лидерот Струга, кој има 32 бодови. Во истиот термин Вардар ќе му гостува на Арсими.

Второто дерби ќе се игра во Кавадарци од 13:00 часот, каде третопласираниот Тиквеш го пречекува второпласираниот тим на тетовска Шкендија.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање