Македонскиот ракометен претставник Алкалоид пред домашната публика ќе бара предност пред реваншот во Словенија. Алкалоид против Горење Велење го почнува 1/16-финалниот предизвик во ЕХФ Европскиот куп, со амбиција да обезбеди пласман во осминафиналето.
Тимот од скопска Автокоманда влегува во овој европски дуел со висока самодоверба по големата дерби-победа над Еурофарм Пелистер од 30:28 во домашната Супер лига. Алкалоид претходно без поголеми проблеми ја мина втората рунда во Европа, каде убедливо го елиминираше австрискиот Ферлах. Сега ждрепката му донесе далеку посериозен ривал со богато меѓународно искуство, па максималниот фокус и борбеноста ќе бидат клучни.
Од друга страна, Горење Велење не блеска во словенечкото првенство и е без победа на последните три натпревари. Словенците ремизираа со Јерузалем Ормож и Шкофја Лока, а во последното коло загубија на домашен терен од Крка со 22:24. Нивниот пат до 1/16-финалето исто така не беше лесен, бидејќи прво загубија од Диферданж (29:31), но потоа славеа убедливо со 32:21.
Овие две екипи досега немаат одиграно меѓусебен натпревар, што носи дополнителна неизвесност на пресметката во Скопје. Првиот натпревар меѓу Алкалоид и Горење Велење се игра вечерва со почеток во 19:30 часот, а реваншот е за седум дена во Словенија.































