Македонската фудбалска репрезентација доживеа вистински дебакл во Лигата на нации. Шесте порази со само еден постигнат гол Македонија ја класифицираа како последна во Б сегментот. Затоа во март ќе игра бараж за опстанок во Лига Б.

За задржување на второлигашкиот статус, нашата селекција за противник ќе добие една од второпласираните репрезентации од Лига Ц. Потенцијални ривали на Македонија во баражот се селекциите на Белорусија, Кипар, Фарските Острови и Естонија.

Ждрепката за бараж-натпреварите ќе се одржи во петок, на 20 ноември, со почеток во 12:00 часот. Првите натпревари се закажани во периодот од 25 до 27 март 2027 година, а реваншите ќе се играат од 28 до 30 март.

Покрај обврските во Лигата на нации, позната е и позицијата на Македонија пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2028 година. Македонскиот национален тим ќе биде сместен во третиот шешир на извлекувањето кое е закажано за 6 декември. Поради мартовскиот бараж за опстанок, нашата репрезентација сигурно ќе биде дел од квалификациска група со четири селекции. Тоа значи дека македонските фудбалери за противници ќе добијат национални тимови од првиот, вториот и од четвртиот шешир.