Десеттото коло во македонската машка ракометна Супер лига започнува вечерва со два натпревари во Битола и во Охрид. Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на Охрид имаат јасна фаворитска улога пред својата публика во битката за нови првенствени бодови.

Првиот денешен дуел е закажан за 17:30 часот, кога битолски Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека тимот на Тиквеш.

Битолчани моментално се трети на табелата со петнаесет освоени бода и бараат сигурна победа по поразот во минатото коло од Вардар. Кавадарчани доаѓаат во Битола од петтата позиција на табелата, откако врзаа две победи во претходните две кола од домашното првенство. Меѓусебната традиција е целосно на страната на домаќинот, па би било вистинска сензација доколку не слават победа.

Два часа подоцна (19:30 часот), ракометарите на Охрид пред своите гледачи ќе ги одмерат силите со екипата на Младост.

Охриѓани играат во одлична форма со четири првенствени победи во низа и заслужено го делат третото место со петнаесет бода. Гостите од Богданци се наоѓаат на единаесеттата позиција со само три освоени бода и сè уште се без триумф сезонава. Домашниот состав важи за апсолутен фаворит и се очекува рутински да ја продолжи својата победничка серија во македонската елита.

Возбудувањата од 10.коло во Супер лигата продолжуваат утре со преостанатите четири натпревари од распоредот. Најголемото внимание на ракометната јавност ќе биде насочено кон големото дерби на колото меѓу Вардар и Алкалоид. Овој директен судир на двете првопласирани екипи на табелата е закажан за утре со почеток во 18:30 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н И гол +/- Б