Денеска со четири натпревари од елитната А-дивизија продолжуваат возбудувањата во петтото коло од фудбалската УЕФА Лига на нации. Во фокусот на вниманието се двата европски класици во кои Италија ја пречекува Франција, додека Хрватска гостува кај Англија.
Во првата група, „аѕурите“ на свој терен ќе се обидат да го преземат врвот на табелата од актуелниот лидер Франција. Французите во моментов се првопласирани со десет освоени бодови, односно имаат три бода повеќе од второпласираната италијанска селекција. Програмата во оваа група стартува во 18:00 часот во Истанбул, каде отпишаната Турција ќе ги одмери силите со Белгија. Турците по четири кола сè уште се без освоен бод, додека белгискиот национален тим е трет со шест бодови.

Голема борба се очекува и во третата група, каде Англија пред своите гледачи ќе ја угости репрезентацијата на Хрватска. Англичаните се на 2.место со 9 бодови и бркаат сигурен пласман во четвртфиналето на ова репрезентативно натпреварување. Хрватска се наоѓа во незавидна позиција со само три бода и мора да бара позитивен резултат за опстанок во елитата. Во истиот термин од 20:45 часот, последнопласираната Чешка без ниту еден бод е домаќин на максималната Шпанија, која има дванаесет бодови.
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ – А ЛИГА (5.коло)
Четврток (12.ноември)
18:00 часот: ТУРЦИЈА – БЕЛГИЈА
20:45 часот: ЧЕШКА – ШПАНИЈА
20:45 часот: АНГЛИЈА – ХРВАТСКА
20:45 часот: ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА




































