Во машката кошаркарска Супер лига се одигра четири од петте натпревар од шестото коло. По него тимот на Работнички останува единствениот со максимален ефект, а со победа помалку го следи шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Кошаркарите на Работнички стигнаа до шестата победа во исто толку одиграни натпревари. Најтрофејниот македонски клуб славеше тешко над Кожув со резултат 83:80. Во салата „Лазар Лечиќ“. гостите од Гевгелија пружија силен отпор и влегоа во последната четвртина со предност од 64:62. Во драматичната завршница при резултат 78:78, клучните поени за домашниот тим ги постигнаа Робев и Говенс. Роберт Рикиќ доминираше кај победникот со 27 поени и седум скока, додека Ефремовски додаде 13 поени. Во редовите на Кожув најефикасно беше триото Армстронг, Бојчев и Симиќ со вкупно 50 постигнати поени.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром исто така запиша нови бодови со триумф над градскиот ривал Скопје од 79:60. Аеродромци го скршија отпорот на домаќинот во второто полувреме со цврста одбрана и сигурна реализација во нападот. Најефикасен кај „штрковите“ беше Емир Крајиниќ со 20 поени и осум скока, а Камерон Џонс постигна 18 за поразениот тим.
Во останатите натпревари гостинските екипи забележаа значајни победи во неизвесни завршници. Штип го совлада Пелистер во Битола со 92:87, додека Тиквеш славеше на гостувањето кај Струмица со резултат 75:70. Табелата во Суперлигата ја предводи непоразениот Работнички со 12 бода, пред МЗТ Скопје Аеродром кој има 11 бода. Шестото коло се комплетира утре со пресметката меѓу ТФТ Скопје и МКК Куманово.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|






























