Македонскиот одбојкарски првак Штип УГД европскиот настап го продолжува во ЦЕВ Купот, откако го заврши премиерното учество во Лигата на шампионите. Според распоредот на натпреварувањето, штипскиот тим е слободен во првото коло и обезбедува директен пласман во главната рунда.

Таму македонскиот шампион го чека сериозен предизвик и двомеч против силниот италијански состав на Пјаченца.

    Првиот натпревар од оваа фаза одбојкарите на Штип УГД ќе го одиграат на домашен терен во СРЦ „Џексон“. Овој дуел пред штипската публика е закажан за 9 декември со почеток од 19:00 часот. Реваншот во Италија ќе се игра на 6 јануари 2027 година од 18:00 часот во салата „Палабанка спорт“.

    Штипскиот клуб втора година по ред ќе игра европски натпревар во Италија токму на христијанскиот празник Бадник. Лани одбојкарите на Штип УГД го имаа истиот празничен распоред во ЦЕВ Челинџ купот, кога се соочија со Алијанц Милано. Со овој двомеч во нокаут-фазата од ЦЕВ купот, македонскиот претставник ја продолжува борбата за пласман во осминафиналето на европската сцена.