Фудбалерите на Шкендија славеа тешка гостинска победа над Брегалница со 1-2 во дванаесеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата стигна до трите бода по голема драма во судиското продолжение на Градскиот стадион во Штип.
Тетовскиот тим го отвори резултатот уште во третата минута преку Фахд Ндзенгуе, кој го постигна својот шести сезонски погодок. Раното водство на гостите не ги обесхрабри штипјани, кои презедоа иницијатива и создадоа неколку сериозни шанси пред голот на тетовчани. Офанзивната игра на Брегалница вроди со плод во 39. минута од натпреварот. По одличниот продор на Методи Максимов, искусниот Кристијан Стојкоски прецизно стрелаше од шеснаесет метри за заслужено израмнување на 1-1.
Во второто полувреме се водеше голема и пожртвувана борба на средината од теренот, без премногу отворени можности за гол. Клучниот момент се случи во 65. минута, кога тренерот Артим Положани ги внесе во игра Бесарт Ибраими и Марко Ѓорѓиевски. Овој потег се покажа како решавачки во 74. минута, кога Ибраими асистираше, а Ѓорѓиевски погоди за ново водство од 1-2.
Вистинската драма кулминираше во 94. минута, кога по интервенција од ВАР-собата беше досуден пенал за домашниот состав. Сепак, голманот на Шкендија, Бабукар Гаје, го одбрани ударот од белата точка на Иван Николов и ја сочува победата.
Шкендија е осамена на врвот со 27 бода, сега четири повеќе од второпласираната Струга, ТЛ. а шест од Тиквеш и Вардар. Но, работите утре сигурно ќе се сменат, бидејќи Вардар и Струга ТЛ го играат дербито од ова коло.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|

































