Со натпреварот одигран вечерва во СЦ „Биљанини извори“ во Охрид комплетирано е 8.коло во машката ракометна Супер лига. Домашниот состав на Охрид ја потврди фаворитската улога во дуелот против вториот тим на Еурофарм Пелистер совладувајќи го со 35-19.

Уште од самиот старт домаќините најавија дека нема да дозволат изненадувања. Го отворија мечот со 4:0, а потоа само ја зголемуваа предноста на крајот на првиот дел изнесуваше 12 голови. Второто полувреме беше само чиста поволност за заокружување на шестата првенствена победа.

Во победничкиот состав Никола Зечевиќ и Адама Кеита постигнати по 6 голови, додека Доминик Мете и Шуичи Јошида по 5.

Охрид останува на четвртото место на табелата сега со 13 бодови, со еден помалку од Алкалоид, 2 од Е.Пелистер, и три од лидерот Вардар.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б