Македонскиот ракометен првак Вардар во среда ќе го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите. Вардарци пред својата публика, го пречекуваат германскиот Мелсунген во дуелот од последното коло на Б групата.
Шансите за прогрес во следната фаза на елитното натпреварување, црвено-црните одамна ги загубија. Сепак, вардарци ќе ја продолжат сезоната во второто квалитативно натпреварување Европската лига.
По триумфот над Нант, избраниците на Иван Чупиќ ќе атакуваат на победа за да им се оддолжат на верните навивачи „Комити“,.
„ Тоа што немаме шанси за прогрес, не менува ништо. Мислам дека сега е време да тргнеме со низа победи, што ќе ни ја зголеми уште повеќе самодовербата.
Сакаме да ја прекинеме негативната низа во Јане Сандански. Нашите навивачи кои не бодреа на претходните два меча на најдобар можен начин, заслужуваат оваа сезона да ја завршиме со победа, и фокусот мора да ни биде да им се оддолжиме како што заслужуваат“, изјави вардаровиот тренер Чупиќ.
Дуелот меѓу Вардар и Мелсунген што ќе се игра во среда во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18..45 часот.






























