Кошаркарите на Работнички ја забележаа четвртата по ред победа откако славеа над МКК Куманово со 70:63. Со овој триумф најтрофејниот македонски клуб се зацврсти на 1.место на табелата во Супер лигата.
Дуелот во салата „Лазар Лечиќ“ донесе интересна и неизвесна кошарка до самиот крај. Првата четвртина мина во израмнета игра, а кумановци заминаа на кратка пауза со минимална предност од 18:19. Домаќините заиграа подобро во вториот период и на полувреме заминаа со водство од 36:33.
Третата четвртина повторно донесе голема борба, но скопскиот тим во последните десет минути влезе со позитива од 53:51. Работнички ја достигна најголемата разлика од осум поени во последната четвртина и го скрши отпорот на противникот.
Најефикасен во победничкиот табор беше Рикиќ со моќен дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скока. Одлична поддршка кај домаќините пружи Елингсворт кој придонесе со 13 постигнати коша. Во поразената екипа најмногу се истакна Мекиќ кој натпреварот го заврши со 18 поени.
Екипата на Кожув, во Гевгелија пред својата публика, оствари победа од 90:81 против Тиквеш.
Првата четвртина заврши нерешено 25:25, по што гостите од Кавадарци презедоа иницијатива. Тиквеш заигра подобро и замина на полувреме со предност од 46:49. Сепак, домашниот тим го сврте резултатот со доминантна игра во третиот период кој го доби со 17:8. Кожув ја достигна својата најголема разлика од седум поени во последната четвртина и рутински го затвори мечот. Најзаслужен за третиот триумфот на гевгеличани беше Армстронг со 22 поени, а Бојчев додаде 18 коша. Кај поразениот состав на Тиквеш најефикасен беше Смит со 23 поени, додека Сукс постигна 15.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|
































