Вториот денешен натпревар од 9.коло во Првата македонска фудбалска лига се одигра во скопска Автокоманда. Таму, актуелниот шампион Вардар благодарение на Горан Закариќ славеше пресврт победа со 1-2 над последно пласираниот на табелата Скопје.
Иако важеа за аутсајдери на овој натперар, сепак фудбалерите на Скопје, покажаа поголем карактер, борбеност и желба да се освојат бодовите.
Тоа донесе и водство за домашниот состав во 26-тата минута. По акцијата на Адем, на вистинското место во вардаровиот шеснаесетник се најде Виктор Ангелов.
Сепак во вториот дел, Вардар успеа да направи комплетен пресврт, благодарение на Горан Закариќ.
Босанскиот интернационалец го постигна двата гола. Во 59-тата минута Закариќ израмни на 1-1, а во третата минута од судиското дополнение (90+3) погоди за победа на Вардар со 1-2.
Вардар сега е трета на табелата со 17 колку што има второ пласираната Струга Трим Лим кој утре му гостува на Башкими. Лидерот Шкендија од Тетово има три бодови повеќе (20) од конкурентите.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































