Екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово одиграа нерешено 1:1 во „историското“ прво меѓусебно дерби на стадионот во Чаир. Овој натпревар од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе голема борба на исклучително тежок терен.
Гостите од Тетово први стигнаа до предност преку прецизниот удар од белата точка на Ендрит Красниќи. Пеналот беше досуден во триесеттата минута откако домашниот голман го фаулираше Алмир Криезиу во својот шеснаесетник.
Домашниот состав на арачиновци заигра многу поангажирано во второто полувреме и сосема заслужено успеа да стигне до посакуваното израмнување. Искусниот напаѓач Марко Симоновски одлично се снајде во казнениот простор и во 77. минута ги постави конечните 1:1.
По ова реми, тетовскиот тим ја задржа лидерската позиција на табелата со освоени 20 бодови. Арачиновци остануваат пријатно изненадување сезонава и сега имаат 14 бодови на своето конто во домашниот шампионат.
Попладнево во Автокоманда се игра и дуелот меѓу последно пласираниот Скопје и актуелниот шампон Вардар, во кој црвено-црните важат за големи фаворити.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































