Екипите на Работнички и Куманово забележаа победи во 2.коло од машката Супер лига.
Тимот на Работнички до вториот триумф сезонава стигна совладувајќи го Тиквеш, а кумановци пред својата публика беа подобри од Штип.
На натпреварот одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во скопскиот градски парк, Работнички го совлада Тиквеш со 86-70.
Тимот на Работнички од самиот старт ја презеде контролата над играта и многу брзо стигна до до цифрена предност. Во првите десет минути Работнички имаше седум позитива, а веќе на полувремето и убедливи +23 поени разлика. Уште тогаш беше јасно дека екипата од Градски парк ќе се израдува на триумф.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ефремовски кој натпреварот го заврши со 24 поени. Двоен (дабл-дабл) ефект имаа Рикиќ 14 поени и 13 скока и Говенс со 12 поени и 11 асистенции.

Далеку поинтересно и по неизвесна беше на натпреварот во Куманово каде гостуваше дебитантот Штип. Кумановци се израдуваа на првата победа со конечни 70-59.
Добија по еден квартал двата тима во првото полувреме. Првиот им припадна на гостите со 15:21, а вториот на домаќините со 14:13. Во второто полувреме избраниците на Марин Докузовски заиграа далеку поквалитетно. Иако имаа -10 поени негатива, тие успеаја да ги надополнат до крајот на третиот квартал и во последниот да влезат со +4. Стекнатата предност само ја надградуваа, а во еден миг водеа со најголеми 12 разлика, за на крајот на слават со +11.
Ѓуроски кој постигна 16 поени беше прв стрелец во победничката екипа, за која Мекиќ додаде 15 (со 9 асистенции), а Стевановиќ заврши со 13.
Крај овие два натпревари денеска си игра и дуелот во Гевгелија, каде кај Kожув гостува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|




























