Скопје денеска пулсира во ритамот на 22-от Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.

Рекордната бројка потврдува дека Скопскиот маратон одамна ги надмина локалните рамки. Манифестацијата прерасна во значаен меѓународен спортски настан со учесници од повеќе земји.

На стартот има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Покрај домашните натпреварувачи, најбројни се учесниците од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Главната трка е маратонот на 42,195 километри, додека полумаратонот ќе се трча на 21 километар. Во програмата е и трката на пет километри, наменета за поширок круг учесници. Дел од програмата е и „ЕУ фор спорт“ е штафетната трка.