Европското првенство за одбојкари влегува во најинтересната фаза односно четвртфиналната рунда. Селекцијата на Франција е првата која обезбеди пласман во полуфиналето.
Французите во првиот четвртфинален меч, експресно за 74 минути ја совладаа Романија во трио сета (3:0).
Својата фаворитската улога Франција ја потврдија уште во првиот сет кој за 23 минути го решија во своја полза со 25-16. Во следните два на Романците им дозволија да освојат по три поени повеќе (25-19 и 25-19).
Сега Франција ќе го чека исходот од вториот меч што се игра денеска во Софија од 18 часот. Во кој актуелниот европски шампион Полска и селекцијата на Германија, која ја елиминира Бугарија во осминафиналето.
Вториот пар за полуфиналето ќе го дознаеме утре по мечевите што ќе се играат во Торино. Таму Словенија ќе се сретне со Белгија, а домаќинот Италија ќе игра против Финска.



































