На машкото одбојкарско првенство што се одржува во Италија и Бугарија, вечерва ќе го дознаеме последниот пар за четвртфиналето.

Досега се познати три пара, а репрезентацијата на Романија се погрижи да направи изненадување, за да не оди се според планот на фаворитите. Во осминафиналето Романците ја елиминира Украина која во групната фаза играше против македонската репрезентација.

Одбојкарите на Рроманија неочекувано и убедливо со 3:0 ги совладаа Украинците па закажаа четвртфинална пресметка со Франција. Триколорите немаа проблеми во дуелот против Португалија на која не ги дозволија ниту еден сет.

Убедлив триумф со 3:0 забележа ко-домаќинот на првенството и организатор на завршницата Италија која со 3:0 ја победи Данска. Азурите во четвртфиналето ќе играат против репрезентацијата на Финска која одигра максимални 5 сета против Грција. Иако противникот двапати имаше предност во сетови, сепак Финците успеваат тоа да го анулираат и да го добијат решавачкиот со 15:13 за место во осумте репрезентации.

Кој ќе биде последниот пар за четвртфиналето ќе дознаеме по мечевите што ќе се играат во Торино. Белгија ќе се сретне со Чешка, а во балканското дерби ќе играат Словенија и Србија.

Двојки за осминафиналефто

Понеделник, 21 септември
Торино, 16:00 Белгија – Чешка
Торино, 21:00 Словенија – Србија
Одиграно
Полска – Латвија 3:0
Германија – Бугарија 3:2
Украина – Романија 0:3
Финска – Грција 3:2
Франција – Португалија 3:0
Италија – Данска 3:0.

Четврт-финале

ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА
ИТАЛИЈА – ФИНСКА
ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА
Белгија/Чешка – Словенија/Србија