Бајер Леверкузен оствари важна победа во дерби пресметката од 4.коло на германската Бундес лига.
„Фармацевтите“ на домашен терен го совладаа тимот на РБ Лајпциг со резултат 2:0.
Домаќините стигнаа до предност пред самиот крај на првото полувреме од оваа средба. Патрик Шик го отвори резултатот и погоди за 1:0 во 44. минута од натпреварот.
Во второто полувреме домашниот состав продолжи со квалитетната игра на теренот. Мигел Гутиерез го постави конечниот резултат со прекрасен погодок во 57. минута. Гостите имаа свои шанси, но ВАР поништи гол на Кристофер Нкунку во првото полувреме.
Со овие три бода Бајер Леверкузен се искачи на петтото место на табелата со седум бодови. Екипата на Лајпциг по овој пораз се наоѓа на осмата позиција со шест освоени бода.


































