Екипата на Милан прими гол за само 32-секунди на гостувањето кај Болоња во натпревар од 30-тото коло на Серија А.
Иако важат за фаворити на овој дуел, сепак „бјанко-нерите“ едноставно „заспаа“ во одбраната па Никола Сансоне и донесе предност на домашната екипа по само 32-секунди игра.
До крајот на полувремето Милан преку Побега успеа да ја анулира негативата.