Чудесен е македонскиот фудбал. Не поради не-квалитетот, туку порани начинот на кој се спроведува натпреварувањето.
Неодамнешното правдање на ФФМ дека „ТВ термините за Прва МФЛ ги одредуваат условите на стадионите и програмската шема“, не држат „вода“. Ова не, особено ако е целта емитување на сите натпревари на телевизија.
Сведоци сме дека во најголемите европски шампионати, сите натпревари одат во ТВ преноси, а притоа најголемиот дел се играат истовремено. Во најсилните лиги се играат по 10 натпревар во едно коло, а кај нас двојно помалку. Но, затоа пак ние „предничиме“. Ако во Англија, Шпанија, Германи, итн, итн, едно коло се игра во четири дена максимум, кај нас може да трае и шест (6) дена.
Така во ФФМ смислија, осмото коло во Првата лига да почне во петок (18 септември) и да се игра се до следната среда (23 септември). Пет (5) натпревари во шест (6) дена!?
И тука чудата од „кујна“ на ФФМ не завршуваат. Куриозитетот да биде уште поголем, во петок, два натпревари ќе се играат во ист ден и тоа во ист термин!?
Потоа ќе следува еден дуел во сабота, недела ќе биде ден за одмор, па понеделник нов меч.
Е, да, ќе има два дена „одмор од возбудувањата“, па дури следната среда (23 септември) ќе биде комплетирано осмото коло.
Но, нејсе, ова е „чудесна Македонија“!!!
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|





























