Во предвечерието на најголемиот христијански празник Велигден, денеска ќе се играат натпреварите од 27-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Лидерот на табелата гостува кај “фенерџијата“ Победа, додека трето пласираната Шкендија ја пречекува екипата на Тиквеш.
Во трка по Шкендија за третото место што води на европската сцена, во Кратово, Силекс е домаќин Брегалница.
Интересно се очекува да биде и на другите две средби. Во Ѓорче Петров кај Македонија ќе гостува Академија Пандев која води бита за опстанок, како и екипите на Работнички и Скопје кои ќе играат меѓусебно.
Сите натпревари започнуваат во терминот од 16 часот.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА 27.КОЛО
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА Т.Л. – ПОБЕДА
Слободна во ова коло е екипата на Шкупи
ТАБЕЛА
1 СТРУГА 50 бодови
2 ШКУПИ 45
3 ШКЕНДИЈА 44
4 СИЛЕКС 39
5 БРЕГАЛНИЦА 36
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 32
7 ТИКВЕШ 30
8 РАБОТНИЧКИ 25
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 21
10 СКОПЈЕ 18
11 ПОБЕДА 13