Со натпреварите во Кратово и Струга што ќе се играат попладнево ќе започне петтото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Воведниот натпревар ќе се игра во Кратово, а тој ќе биде токму и дерби дуелот на оваа рунда. Во него лидерот на табелата тетовска Шкенија гостува кај Силекс.
Тетовци се единствените кои досега остварија четири победи на исто толку одиграни натпревари и со максимални 12 бодови се лидери на табелата. Секако денеска ќе имаат тешка задача, да го задржат максималниот ефект, бидејќи силекс заедно со Шкендија и Тиквеш ги имаат најефикасните напади сезонава. Но, составот на Александар Васовски покажа дека ја ранлив на последниот натпревар. Кратовци го загубија тој дуел и тоа на гостувањето кај шампионот Вардар со 1:4.
Дербито меѓу Силекс и Шкендија ќе почнеме од 16 часот. а еден час подоцна (17) ќе почне вториот денешен натпревар.
Во него пак фудбалерите на Струга Три Лум ја пречекуваат штипска Брегалница.
Стружани по поразот од Шкендија во минатото коло ќе сакаат да се вратат на победничките патеки. Штипјани пак досега имаат половичен ефект, два убедливи триумфи на домашен терен, но и два порази на гостувањата кај фаворитите Вардар и Шкендија.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|





























