Ракометарите на Алкалоид претрпеа пораз во својот прв натпревар во Регионалната лига. Алкалоид во Скопје загуби од Партизан со 31-39.

Средбата во салата „Автокоманда“ донесе привлечен ракомет и занимлив двобој меѓу стратезите Кирил Лазаров и Раул Гонзалес. Македонскиот претставник играше без повредените Матиц Сухолежник, Мартин Велковски и Валентин Карасманакис, што се одрази врз ротацијата. Домаќините добро парираа во првото полувреме и заминаа на пауза со минимална негатива од 15-17.

Во второто полувреме искуството на српскиот состав дојде до израз, а гостите искористија неколку грешки во нападот. Тактичката варијанта со седум играчи во поле на Кирил Лазаров, на Партизан предводен од Раул Гомзалез, му донесе на повеќе лесни погодоци на празна мрежа.

Во редовите на Алкалоид најефикасен беше Никола Костески со шест голови, додека Нејц Цехте постигна пет реализации. Прво име кај победничкиот состав беше Аљоша Дамјановиќ, кој натпреварот го заврши со десет дадени голови.

Во следното коло Алкалоид го очекува нов предизвик и можност за поправен испит на мечот против Ловќен. Тоа е првиот од двата дуели кои обие екипи ќе ги играат мешѓусебно. Оној во ксопје е закажан за два дена (28 август), а реваншпот на 31 август.

Следете нé на социјалните мрежи