Македонскиот фудбалски шампион Вардар, најде замена за Дарко Велковски кој од црвено-црниот табор замина за Бахреин.
Вардарци решија да ја засилат одбранбената линија пред голманот Талевски со 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Сирики Дијабате. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбраната на црвено-црните.
Тој има европско искуство со француските екипи Амиен и Борго, а потоа и бугарските Ботев Пловдив и Ботев Враца. Има настапувано и во Катар, каде го носел дресот на Ал-Музајдар.

































