Англиската фудбалска Премиер лига, вечерва, официјално ја започнува својата нова сезона 2026/2027.

Честа да ја отворат сезоната ја имаат актуелниот шампион Арсенал и новиот премиерлигаш Ковентри Сити. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Емирати“ во Лондон со почеток во 21 часот.

Арсенал сезоната веќе ја почна со трофеј, совладувајќи го Манчестер Сити со 3-0 во Супер купот.

Според анализите на англиските медиуми, Арсенал повторно е главен фаворит за трофејот. Сепак, гигантите како Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед, веќе ги засилија своите редови за да го симнат лондонскиот тим од тронот.