Актуелниот македонски фудбалски првак Вардар бара нов тренер. По поразот во дербито со Шкендија, клубот ја прекина соработката со Аргентинецот Фабијани.
Скопските „црвено-црни“ сега се без шеф на стручниот штаб. Тие немаат многу време за размислување.Веќе претстојниот викенд ги чека нов предизвик во ПМФЛ. Тоа е гостувањето кај екипата на Струга Трим Лум.
Во фудбалските кулоари веќе се споменуваат две сериозни имиња за испразнетото тренерско место.
Првиот кандидат е Чедомир Јаневски. Тој го предводеше Вардар од август 2017 до април 2018 година.Јаневски тогаш го замени Гоце Седлоски. Тој оствари историски пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
Вториот кандидат е поранешниот македонски селектор, Благоја Милевски. Тој го водеше Вардар во периодот од 2012 до 2014 година. Милевски со Вардар ја освои шампионската титула, а потоа, во јули 2013 година, го подигна и домашниот Суперкуп.
































