Женскиот ракометен клуб Вардар ги започна подготовките за новата сезона, во која покрај домашните предизвици го очекува и големото враќање на европската сцена.
„Црвено-црните“ ќе настапат во ЕХФ Европскиот куп, а ждрепката им го донесе италијанскиот претставник Судтирол Бриксен за противник во второто коло.
Вардар беше носител на ждрепката, па реваншот ќе го одигра пред домашната публика. Првиот натпревар е закажан за 3/4 октомври во Италија, додека реваншот ќе се одигра 10/ 11 октомври во Скопје.
Вардар во новата сезона влегува и со две нови имиња во ростерот. Тимот се засили со Марија Дуновска и Анастасија Тодоровска, кои треба да донесат дополнителна енергија и квалитет во составот на „црвено-црните“.
Со стартот на подготовките, вардарки влегуваат во период на интензивна работа и темпирање на формата, со јасна цел – што подобро да ја дочекаат новата сезона и европскиот предизвик.
Ивона Кимовска





































