Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ги продолжува настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава.

По освоеното трето место во групата „А“ ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место. Прв предизвик за избраниците на селекторот Никола Велев ќе биде селекцијата на Грузија.

Откако во последното коло од групната фаза ја совлада селекцијата на Азербејџан и ја остварија втората победа, сега нашите младинци со мотив повеќе, атакуваат на трета.

Натпреварот е закажан за 13:30 часот, а македонските кошаркари посакуваат со победа да го продолжат настапот во борбата за што повисок конечен пласман.

Победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од дуелот Холандија – Кипар за пласман од 9 до 12 место. Поразените пак ќе разоруваат за пласман од 13 до 16 место.

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇