Италија сезонава сигурно ќе има полуфиналист во Лигата на шампионите. Ова беше јасно уште по ждрепката за четвртфиналната рунда која донесе меѓусебен дуел на Наполи и Милан.
Тимовите кои сезонава играат одлично пред се екипата на Наполи во чии редови е и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, тим кој е многу блиску до освојување на „Скудетото“.
Серија А е приказна за себе, но Лигата на шампионите нешто сосема друго. „Наполитанците“ се надеваат дека и во ова натпреварување можат да се вмешаат во борбата за трофејот, а Милан пак дека по долги години повторно ќе стигне до најпосакуваниот трофеј во Европа.
Калкулациите се едно, а можностите во моментов сосема друго, па аналитичарите блага фаворитска улога на првиот меч му даваат на Милан.
Но, и повредата на најдобриот стрелец во Наполи и Серија А сезонава, Нигериецот, Осимех дополнително ја подгрева надежта на Милан за успех во вечерашниот меч што ќе се игра на стадионот „Сан Сиро“ од 21 часот.